Многумина работодавци би требало да се запрашаат како се однесуваат кон своите вработени, за да не им се случи она што го доживеа еден сопственик на продавница за чевли.
Имено, сите вработени во една продавница за чевли во градот Рочестер решиле да го изразат своето незадоволство од шефот на тој начин што пред време ја затвориле продавницата и на вратата оставиле бесна порака.
Фотографија од пораката набрзо се појави на интернет и со голема брзина се прошири на социјалните мрежи и онлајн медиумите, стабнувајќи вистински хит.
Причината за ваквата постапката на вработените во продавницата на „Џрнис“, било дрското однесувањето на регионалниот менаџер, за кого и болеста рак „не е доволно добар изговор“ за отсуство од работа.
Вработение посотјано давале откази од продавницата поради лошиот третман, а некои од нив изјавиле дека времето поминато во „Џрнис“ им било најлошо искуство во животот.
Во порака стои: „Драги Џејми, бидејќи одлучи да изјавиш дека „ракот не е доволно добар изговор“ и сметаш дека е во ред да се пцујат вработените, како што тоа цело време го правиш, давамае отказ. Твоето однесување е причина поради која не можете да ги задржите вработените повеќе од една година. Другпат добро размисли пред луѓето да ги третираш на ваков начин. Ние тоа повеќе нема да го трпиме! Ники, Џес, Ти.Џеј.“.