ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за целосна амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година во Собранието

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес во Собранието на Република Македонија ќе поднесе Предлог на закон за амнестија на лицата осудени за настаните од 27-ми април 2017 година, рече Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој Предлог на закон го поднесуваме и е резултат на иницијативата и заедничката заложба на адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски и целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Многу важно е да се напомене дека овој Предлог на закон е само продолжение на претходниот Закон за амнестија кој е донесен во декември 2018 година, но со една голема и суштинка исправка, а тоа е надминување на селективноста и селективната правда која што произлегуваше од законот донесен во 2018та година.

Напоменувам, со овој закон ќе бидат опфатени сите осудени лица за настаните од 27 април, без исклучок“, вели Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се надеваме дека мнозинството ќе го поддржи, прифати и ќе гласа за овој Предлог на закон бидејќи во спротивно, доколку не го стори тоа, ќе покаже и докаже дека за нив, селективноста е на прво место, владеењето на правото и правдата во Македонија ги нема никаде“, додаде Мицевски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието