ВМРО-ДПМНЕ: Зошто СДС ја крие спомен – собата на Гоце Делчев во Св. Спас?

Од:

„Спомен-собата на апостолот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев која се наоѓа во црковниот комплекс Св. Спас, каде се наоѓа и неговото вечно почивалиште, од доаѓањето на СДС(М) на власт успешно се крие од очите на јавноста. Иако во истиот комплекс е вдомен и Конзерваторскиот центар – Скопје, сепак останува нејасно зошто власта и институциите задолжени за промоција на ликот и делото на Делчев остануваат неми и незаинтересирани за промоција и презентација на биографската историја на македонскиот великан, за чија намена беше обновена спомен-собата со едукативна цел и намена – македонските и странските посетители на ова култно место да се запознаат со ликот и делото на македонскиот револуционер“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Проектот „Осовременување на постојаната музејска поставка Гоце Делчев – наш незаборав и вечен патоводител“ беше инициран и реализиран во периодот од 2013 до 2015 година, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, одобрен и фининсиран од Министерството за култура. Овој успешно реализиран проект за Делчев, денес во очи на неговиот роденден и јубилеј 120 години од загинувањето, тоне во заборав. Mузејската поставка фаќа прашина зад затворените врати, далеку од очите на јавноста, целосно игнорирана и заборавена од институциите на власта.

Ваквиот девaстирачки пристап на Владата на СДС(М) кон сè што е македонско продолжува успешно да се реализира, издигнувајќи се до степен на сопствена автоцензура, кога станува збор за промоција и презентација на македонската историја, притоа, плашејќи се и криејќи се од сопственото минато, свесно премолчувајќи сѐ што е поврзано со македонската историја, со една единствена цел – да им се удоволи на уцените и барањата на соседите.

Ваквиот наратив на македонско национално обезличување започнато во 2017 година метастазира на секое поле, па дури и со првиот симбол на Македонија, таткото на нацијата, Гоце Делчев. Од 2017 година изминаа повеќе чествувања и по повод раѓањето и по повод смртта на Делчев, а нему посветената и обновена музејска поставка сѐ уште не е претставена пред македонската јавност.

Токму затоа институциите на власта се должни да дадат одговор пред македонската јавност: Зошто ја кријат спомен-собата на Гоце Делчев во комплексот Св. Спас подалеку од очите на народот?“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот