Дојче банк оствари најголем профит во последните 15 години

Од:

Дојче банка информира дека нејзиниот профит во 2022 година бил најголем во последните 15 години, благодарение на новата стратегија, изјави денеска генералниот директор Кристијан Севинг.

Од помош бил и големиот даночен кредит, пренесува ДПА.

Севинг ја потврди својата цел за постигнување „одржлив“ раст во наредните години и дополнително зголемување на приносите за акционерите.

Добивката на банката пред оданочување порасна за 65 отсто минатата година и достигна 5,6 милијарди евра (61,6 милијарди долари), соопшти Банката. Нето приходот се зголеми повеќе од двојно на годишно ниво, на околу 5,7 милијарди евра.

По одбивањето на каматите на сопствениците на обврзниците, акционерите имаа повеќе од пет милијарди евра профит, што е повеќе од 1,9 милијарди евра една година претходно.

Банката, исто така, имаше корист од еднократниот даночен кредит од 1,4 милијарди евра.

Најновите бројки покажуваат дека банката се враќа на она ниво на профит што ги објави пред финансиската криза во 2008 година.

Во 2007 година, рекордна година, Дојче банк забележа добивка пред оданочување од повеќе од 8,7 милијарди евра. Но, банката беше принудена да направи значителни промени по кризата, по што известуваше за загуби пет последователни години, заклучно со 2019 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Жртвите на Џефри Епштајн ја тужеа Дојче банк: Банката мора да плати 75 милиони долари

Горан Наумовски

Рекордна награда од 200 милиони долари за свиркач во „Дојче банк“

Ана Ололовска

Дојче банк заплени 20 тони злато во сопственост на Венецуела

Ана Ололовска

Конгресот побара „Дојче банк“ да сведочи за Трамп, демократите во исчекување на целосниот текст на извештајот на Малер

Татјана Ташкова

Европската комисија со обвинение против Дојче банк и уште три банки за картелско здружување

Наум Локоски

Дојче Банк плати 240 милиони долари казна за манипулирање со каматните стапки

Наум Локоски