СДСМ: Шпицниот градоначалник Мицкоски ги заглавува општините во кои власт е ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и неспособните кадри на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините, ги партизираат општинските администрации, ги зголемуваат цените на комуналните услуги. Со „општински обврзници“ задолжуваат богати општини, со што го отвораат патот тие да станат заложници на крупниот бизнис кој би ги купил обврзниците, а потоа би влијаел врз работата на локалните власти, се вели во партиското соопштение од СДСМ.

„Се караат за тендери и провизии, поважни им се бизнис интересите, отколку решавање на локалните проблеми и интересите на граѓаните.

Мицкоски, иако нема никаква надлежност оди по општините и промовира проекти на поранешните градоначалници од СДСМ, а градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ даваат отчет пред него наместо тоа да го прават пред граѓаните кои ги гласаа.

Локалната власт предводена од шпицниот градоначалник Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги заглавува општините, граѓаните плаќаат поскапи комунални услуги и отплаќаат кредити со непознати каматни стапки, за нејасни и необразложени проекти“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време