Малолетник со нож ранил момче по кавга за девојка

Од:

Вчера во 14.30 часот во трговски центар на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници уапсиле 15-годишник од Скопје.

Тој, според полицијата дента околу 14 часот, по кратка расправија и недоразбирање поради девојка, со нож му нанел повреда на М.А.(18) од село Зелениково, Скопско, при што бил забележан и задржан од полициски службеник од полициската станица Центар.

Од него бил одземен ножот, а повредениот М.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била констатирана телесна повреда.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“

Професор истепал ученичка во средо училиште во Кичево