САД го блокираат влезот на Косово во Советот на Европа

Од:

Министерствата за надворешни работи на одредени европски земји, кои се членки на Советот на Европа, добиле нота од амбасадите на Соединетите Американски Држави во која се вели дека Вашингтон смета дека прашањето за пристапување на Косово во членството на Советот на Европа не треба да биде ставено на дневен ред на Комитетот на министри на Советот на Европа, дознава Euronews Србија од дипломатски извори во Европа.

Според сознанијата на медиумот, САД бараат прашањето за членството на Косово во Советот на Европа да не биде ставено на дневен ред додека „Косово не донесе поконструктивен став за Заедницата на српските општини (ЗСО), што би го отворило патот за предлог на основен договор меѓу Белград и Приштина“.

Според Euronews Србија, овој став на САД е договорен со Италија, Франција и Германија.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија