Уште една земја од НАТО не сака да испрати авиони во Украина

Од:

Полска најави дека нема преговори за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина, а сега и Велика Британија го изрази својот скептицизам со официјално соопштение дека не верува дека тоа би било практично.

„Британските борбени авиони се многу софистицирани и потребни се месеци за да се научи да се ракува со нив. Со оглед на тоа, веруваме дека не е практично да се испратат овие авиони во Украина. Ќе продолжиме да разговараме со нашите сојузници за пристапот што мислиме дека е правилен“, изјави портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак.

Берлин исто така категорично одби да испрати борбени авиони, додека францускиот претседател Емануел Макрон рече дека „ништо не е исклучено, уверувајќи дека Украинците тоа не го побарале од него.

Би можело да ве интересира

Телефонски разговор на претседателката Сиљановска Давкова со украинскиот претседател Зеленски

Зеленски: Русите подготвуваат голема офанзива

Зеленски: Сакаме праведен крај на оваа војна

Горан Наумовски

Зеленски: Ситуацијата на фронтот е под контрола

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова