Русија: Ја презедовме контролата близу Бахмут

Од:

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека руските сили ја презеле контролата врз селото Блаходтна, на околу 5 километри од Бахмут.

Тој изјави дека во битките за Блаходтна учествувале доброволци на јуришни единици, со поддршка на оперативно-тактичката и армиската авијација, ракетните трупи и артилеријата на Јужната борбена група, пренесува ТАСС.

Некои од најтешките битки во Украина се водат околу Бахмут во последните недели. Приватната воена група Вагнер, означена од САД како транснационална криминална организација, во саботата соопшти дека нејзините единици ја презеле контролата врз Блаходтна, но Киев тврди дека нападот врз селото бил одбиен, пренесе Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област