Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека Вашингтон нема да испраќа борбени авиони Ф-16 во Украина. Минатата недела западните медиуми објавија дека група воени претставници „тивко“ барале од Пентагон да испрати Ф-16 во Киев, објави Ројтерс.
За ова прашање синоќа зборуваше и францускиот претседател Емануел Макрон, кој не ја исклучи можноста Париз да испрати борбени авиони во Киев, но под одредени услови. САД за неколку недели ќе испратат тенкови М1 Абрамс во Украина.