Викенд-населба ќе никне кај прилепското вештачко езеро

Од:

Според најавите на локалната самоуправа, во тек е почетната фаза на изработката на детален урбанистички план за изградба на модерна викенд-населба покрај брегот на прилепското вештачкото езеро.Новата населба се очекува да никне за неколку години.

Градоначалникот Ристески изјави дека парцелите ќе бидат дадени на концесија, при што граѓаните ќе можат по пат на електронска аукција да откупуваат места.Од локалната самоуправа очекуваат голем интерес за купување на парцелите,а целосната постапка се очекува да стартува во првата половина на наредната година.

Прилепското вештачко езеро е изградено 1964 година на Дабничка-Оревоечка Река со брана долга над 400 метри.Максималната должина на езерото изнесува 1,5 км,а зафаќа површина од 0,55 км.Водата се користи за наводнување на околу 6.200 хектари обработливо земјиште во Прилепско поле.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски