(ВИДЕО) Невидено е што Европа молчи на заканите, а Бугарија ја користи ЕУ за бугаризација на Македонија

Од:

„Јас досега не знам пример европратеник да упатил закана за атентат на некој претседател, а преседан е според мене и што Европа молчи и нема директна осуда на такво однесување на свој член“, вели дипломатот Ивица Боцевски за последните изјави на европратеникот Џамбаски упатени до претседателот на Македонија, Пендаровски, каде што го потсети претседателот на судбината на кралот Александар Караѓорѓевиќ, кој бил убиен во атентат во Марсеј од страна на Владо Черноземски.

За Боцевски, повлекувањето на бугарскиот амбасадор е сериозен чекор и покажува дека од бугарска страна се заострува и реториката и во овој момент имаме полоши односи со Бугарија од кога било. Според Боцевски, Бугарија ги користи договорот со Македонија и пристапните преговори со ЕУ за свои националистички цели – бугаризација преку европеизација, вели Боцевски.

На каде оди работата, ќе ескалира или ќе се смири по изборите во Бугарија, дали Македонија е ставена пред свршен чин и што можеме ние да сториме, ќе има ли прогласување персона нон грата за бугарски политичари во Македонија – за сите овие прашања дебатиравме со Боцевски во интервјуто за „А1он“.

Би можело да ве интересира

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост

Успешно оперирано новороденче со ретка и тешка вродена срцева маана

Предраг Петровиќ

Во угостителски објект во Аеродром сексуално вознемирување на десетгодишно дете

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 14 лица, дел од нив се лекари на скопските клиники

Предраг Петровиќ

Герапетритис: ЕУ би можела да добие нова членка во 2027 година

ЕУ го усвои 20-тиот пакет санкции против Русија, насочени кон енергетиката, финансиите и трговијата