Во Љубљана уапсени двајца руски шпиони

Од:

Словенечката разузнавачка и безбедносна служба (СОВА) во Љубљана открила двајца странски државјани кои шпионирале за Русија и ги уапсила во соработка со Националната истражна канцеларија. На двајцата осомничени им се заканува затворска казна од вкупно осом години.

Уапсените имале државјанство на јужноамерикански земји и работеле под лажни идентитети. Тие се уапсени во изнајмена канцеларија во деловна зграда во Љубљана. Во Окружното државно обвинителство во Љубљана е покрената предистражна постапка.

За шпионажа е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години, а за кривичното дело потврдување невистинита содржина им се заканува затворска казна до три години. Се верува дека двајцата руски агенти служеле во руската воена разузнавачка служба (ГРУ) и работеле како дел од сложената програма наречена „Илегалци“ од контраразузнавачките агенти во САД.

Станува збор за расфрлана мрежа на високо обучени „заспани агенти“, кои најчесто имаат лажни идентитети и државјанства на трети земји, најчесто јужноамерикански земји, а најчесто работат под покровителство на воената разузнавачка служба ГРУ. Во САД меѓу нив се откриени шпиони на Руската агенција за надворешни разузнавачки служби (СВР).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија