СДСМ: BМРО-ДПМНЕ им служи на туѓите интереси и работи против членството во ЕУ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која работи против членството на државата, им служи на туѓите интереси и делува по туѓа агенда.Сите учесници во инцидентот во Охрид се членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Сликани со Мицкоски, со Николовски. Едниот од напаѓачите е дури и вработен во администрацијата на градоначалникот на Охрид, Пецаков, исто така од ВМРО-ДПМНЕ велат од СДСМ.

– За инцидентот постапува обвинителството, откако МВР успеа веднаш да ги пронајде напаѓачите и да постапи соодветно. Насилство од било каков тип е неприфаталиво, исто како што се неприфатливи сите обиди за попречување на европскиот пат и навредите на чувствата на македонските граѓани. И додека СДСМ ги остварува стратешките цели, ја внесе земјата во НАТО, ги отвори преговорите со ЕУ, Мицкоски се натпреварува со Левица во тоа кој е поголем противник на ЕУ. На државата не и потребно потпалување на атмосферата, туку продолжување на европскиот пат, обезбедување на уставните измени за интеграција во ЕУ се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски