Спасовски и бугарскиот министер за внатрешни работи на средба за чествувањето на роденденот на Гоце Делчев

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер спасовски денеска ќе се сретне со вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев. На средбата се очекува да се разговара за чествување на 4 февруари – денот на роденденот на Гоце Делчев.

Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков вчера во интервју за Бугарската национална телевизија потврди дека денеска во Скопје ќе допатуваат министерот Демерџиев и директорот на ДАНС, Пламен Тончев и дека ќе се разговара за конкретните чекори што треба да се преземат по повод чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Посетата на Дерменџиев беше најавена во петокот, по телефонскиот разговор на премиерите на Бугарија и на Северна Македонија, Галаб Донев и Димитар Ковачевски, посветен на актуелните случувања во односите меѓу двете земји.

Прес-службите на двете Влади соопштија дека двајцата премиери разговарале за потребата претстојните празнувања на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, да се одвиваат мирно и непречено.

Чествувањето на роденденот на Гоце Делчев се проблематизираше откако односите меѓу двете земји станаа искчучително затегнати по претепувањето на Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб ово Охрид. Откако беше најавено дека бугарски државјани ќе доаѓаат на чествувањето на роденденот на Делчев во земјава се организираа групи кои најавија страж на неговиот гроб како и блокади на патиштата. Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ најави стражи на гробот на Гоце Делечв в сабота.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Силен СДСМ е потребен за европска иднина, не сакаме враќање на режимот

Спасовски: Ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај, да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Во финална фаза подготовките за поставување бистата на Гоце Делчев во центарот на Пустец

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Во следните четири години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Горан Наумовски

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Спасовски од Куманово: Надминати кризите, енергетските компании во раце на граѓаните