Албанското министерство за Европа и надворешни работи денеска реагираше по терористичкиот напад пред синагога во Ерусалим, каде што е соопштено дека животот го загубиле седум лица, а најмалку десет други се повредени.
Министерството го нарекува нападот „страшен и терористички акт” и искажува згрозеност од ваквите криминални дела. Притоа изразува сочувство до семејствата на жртвите.
– Шокирани сме од страшниот терористички напад на синагога во Ерусалим. Фактот дека овој напад се случи на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот уште повеќе ја зголемува згрозеноста што ја чувствуваме за ваквите криминални дела, стои во објавата на Министерството.
Извор: МИА