Италијанската премиерка Мелони во посета на Либија

Од:

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска престојува во државна посета на Либија, а главни теми на нејзините средби со претставници на прозападната либиска влада ќе бидат снабдувањето со енергија и миграцијата, како приоритети за ЕУ ​​и Италија.

„Со строги безбедносни мерки Мелони слета во главниот град на Либија, Триполи, во придружба на министрите за надворешни и за внатрешни работи на Италија, Антонио Тајани и Матео Пјантедоци“, соопшти кабинетот на италијанската премиерка.

Се очекува Мелони да разговара со премиерот Абдел Хамид Дбеибех и со претседателот на Претседателскиот совет на Либија, Мухамед Јунис Менфи.

Се претпоставува дека при нејзината посета италијанската државна компанија „Ени“ ќе потпише договор за кој шефот на либиската Национална нафтена корпорација, Фархат Бенгдара, изјави дека ќе биде вреден 8 милијарди долари.

Мелони во последните две недели ги посети Тунис и Алжир, а целта на нејзината северноафриканска турнеја е потрагата по алтернативни извори за снабдување со природен гас, кој треба да го замени гасот од Русија.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски