Николова: Новите инвестиции и работни места доказ за успешните политики на СДСМ

Од:

Владата предводена од СДСМ преку навремени и одговорни економски политики успеа да се справи со последиците од глобалната економска и енергетска криза. Во најкризната година во Европа платите продолжија да растат, продолжи и зголемувањето на нови странски инвестиции и нови работни места рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

– 2022 година ја завршивме со 2.300 нови работни места и над 430 милиони евра нови инвестиции во ТИР зоните, каде добиваат плати кои генерално се повисоки од државниот просек. Околу 16.300 наши сограѓани работат во компаниите во индустриските зони низ целата држава. Извозот од ТИР зоните во 2022 година, достигна 3,7 милијарди евра што меѓу другото се должи и на новоотворените работни места.Според првичните анализи на секој 1 денар вложен од државата, компаниите вратиле 4 денари назад во буџетот, што значи дека за разлика од претходно, сега имаме инвестиции кои носат поголема додадена вредност и за државата и за граѓаните. Со одговорен пристап, овој тренд треба да продолжи и во оваа, 2023 година, за што показател е новата инвестиција од 400 милиони евра на компанијата „Магна мехатроникс“ која започна со подготовки за изградба на нова фабрика. Оваа, но и другите странски инвестиции предвидени за периодов позитивно ќе влијаат врз раст на просечната плата која за првпат во историјата изнесува над 33.000 денари вели Николова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он