Јапонија лансираше сателит со кој ќе ја надгледува Северна Кореја

Од:

Јапонија денеска успешно лансираше ракета во вселената, која носи сателит наменет за собирање информации за движењата на воените објекти во Северна Кореја и за подобрување на одговорот на природни катастрофи.

– Ракетата Х-2 A лансирана од компанијата „Мицубиши хеви индустрис“ (Mitsubishi Heavy Industries) успешно го напушти космодромот Танегашима, југозападна Јапонија, носејќи го сателитот ИГС-Радар 7, кој непречено влезе во планираната орбита, соопшти компанијата.

Сателитот може 24 часа дневно да собира снимки од Земјата, дури и во најнеповолни временски услови, како и да предупреди на евентуален ракетен напад или природна катастрофа.

– Владата максимално ќе ги искористи ИГС-Радар 7 и другите сателити за да ја подобри националната безбедност на Јапонија и успешно да се соочи со кризи, изјави јапонскиот премиер Фумио Кишида по повод успешното лансирање на сателитот.

Мицубиши исто така подготвува нова ракета Х3 за пробен лет во февруари, а таа ќе биде наследник на ракетата со течно гориво Х-2 A, која ќе биде повлечена во 2024 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт