Антрополошкиот музеј во францускиот град Лион е затворен за посетители, откако утрово беа евакуирани сите вработени и посетители поради закана за бомба.
Полициски извор изјави дека истражителите и деминери го прегледале објектот.
Раководството на музејот објасни дека морало да го затвори објектот од безбедносни причини, не наведувајќи детали. Трамвајот Т1, кој сообраќа во тој дел од градот, утрово привремено не застана на постојката кај музејот.
Музејот е и научен центар, а отворен е во декември 2014 година.