Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтерова скала денеска е регистриран во водите на Алеутските острови во државата Алјаска.
Ова е трет силен земјотрес во реонот за неколку дена. Во петокот тука беше регистриран земјотрес со интензитет од седум, а потоа и потрес со јачина од шест степени.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета во денешниот земјотрес, ниту пак опасност од цунами.