Во Британија 200 исчезнати деца имигранти, од нив 176 албански

Од:

Британскиот министер за внатрешни работи Сајмон Мареј потврдил дека 176 албански деца ги напуштиле објектите каде биле сместени по илегалниот влез и не се знае каде заминале, јави Ора њуз.

Додава дека оваа појава предизвикала контроверзии во Британија бидејќи лабуристите бараат одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

-Исчезнале се 200 деца баратели на азил кои Министерството за внатрешни работи ги смести во хотели. Од вкупната бројка 88 отсто или 176 се со албанско потекло. Се надевам дека владата што поскоро ќе се откаже од користењето на хотели за деца, заради поголема контрола, изјавил тој.

Мареј ги изнесол бројките во извештај пред Домот на лордовите, како одговор на прашање на пратеникот од либералдемократите Пол Скривен.

-Министерството за внатрешни работи нема моќ да ги спречи децата без придружба, сместени во хотели а кои бараат азил иако знаеме дека некои од нив исчезнуваат, признал Мареј.

Претходно „Обсервер“ објави дека од хотел на министерството, во Брајтон, неколку деца биле киднапирани од улицата надвор од објектот и насилно ставени во автомобили.

-Одделот бил предупреден од полицијата дека децата баратели на азил кои пристигнале во ОК со брод, без родители или старатели, ќе бидат цел на криминални мрежи. Покрај центарот во Брајтон, во Британија има и хотели за рехабилитација на деца кои бараат азил без придружба, наведува Ора њуз.

Енвер Соломон, главен извршен директор на Советот за бегалци, побарал да се воспостават механизми кои ќе им овозможат на локалните власти да се грижат за децата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Лишен од слобода криумчар на мигранти