Собранието го верификува мандатот на новата пратеничка Даниела Стојановска Пановска

Од:

Собранието денеска го усвои дневниот ред на 99.седница, по што беше верификуван мандатот на нова пратеничка – Даниела Стојановска Пановска, која доаѓа на местото на досегашниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ.

Во рамки на оваа седница, Собранието, со 54 гласа „за“ го усвои Законот за финансиска инспекција во јавниот сектор.

Потоа, со 55 гласа „за“ пратениците го донесоа и Законот за изменување и дополнување на Законот за гранична контрола.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, потоа ја прекина седницата и за утре најави ново продолжение.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции