Почината жена од Струмица била задавена, се трага по сторителот

Од:

Првичните резултати од обдукцијата што јавниот обвинител ја нареди врз почината 83-годишна жена од Струмица упатуваат на тоа дека станува збор за насилна смрт. Кај починатата чие тело беше откриено на 20 јануари во куќа во Струмица се откриени траги кои упатуваат на тоа дека смртта настанала како последица на давење и задушување, како и две скршени ребра, известува Обвинителството.

„По насоки на јавниот обвинител интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривично дело. Непосредно по настанот Основнот јавно обвинителство Струмица изврши увид на лице место и беа подигнати траги кои веќе се предмет на вештачење.

Во куќата нема знаци за насилен влез, но е видливо претурање по лични предмети. Во насока на испитување на настанот, се вршат разговори со сите лица кои би можеле да имаат определени сознанија“, се наведува во соопштението на Обвинителството.​

Би можело да ве интересира

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко

Некои од запленетите нелегални лекови биле наменети за домашниот, други за странскиот пазар