Претседателскиот кандидат и лидер на најсилната чешка опозициска партија АНО, Андреј Бабиш денеска на вонредна прес-конференција соопшти дека на 19 јануари добил писмо во кое имало куршум и закани упатени до неговата сопруга Моника.
„Телохранителите ми предадоа писмо кое беше наменето за мојата сопруга Моника. Во пликот имаше куршум и анонимна порака полна со навреди“, рече Бабиш.
Бабиш се заблагодарил на полицијата за брзата реакција и додал дека е покрената истрага за овие закани, пренесува порталот iDNES.cz.
Претседателскиот кандидат и пензиониран генерал на НАТО Петр Павел, кој ќе се бори со Бабиш за гласови во вториот круг од претседателските избори во Чешка на 27 и 28 јануари, го осуди инцидентот, но не ја пропушти можноста да го критикува својот противник.
„Ги осудувам говорот на омраза и заканите упатени до Андреј Бабиш“, напиша Павел на Твитер и додаде дека атмосферата е тензична пред се поради „анти-кампањата предводена од Бабиш“,