Неколку популарни плажи во Сиднеј се затворени пред популарниот фестивал на сурфање, откако ајкули нападнаа делфин во водите во близина на градот.
Најмалку две ајкули биле забележани во областа Шели Бич, на северот на Сиднеј, по нападот, а властите превентивно ги затвориле сите плажи во близина, јавува Би-би-си.
Swimmers have been cleared from the water at Manly and Shelley Beach after a dolphin was mauled by a shark.
Hundreds watched on as the injured dolphin struggles to swim.
DETAILS: https://t.co/1pcF81Rzhu#9News | WATCH LIVE 6pm pic.twitter.com/jo1U39HixU
— 9News Sydney (@9NewsSyd) January 20, 2023
Фестивалот за сурфање „Manly Open Surf“, кој требаше да се одржи викендов на плажите, беше прекинат и спасувачите побараа од луѓето да излезат од водата по нападот.
Снимката од дрон објавена од спасувачите покажува најмалку две ајкули и делфин како пливаат со видливи повреди на опашката. Делфинот подоцна умре. Сведокот на нападот, Емили Петерсон, за медиумите изјави дека една од ајкулите била долга околу три метри.
„На околу 20 метри од брегот видов делфин како плива и сенка на десната страна. Се свртев на другата страна и видов бик ајкула долга три метри, но таа не ме ни гледаше, туку само одеше по делфинот“, рече Петерсон.
Џолс Фарел, потпретседател на Австралиската организација за спасување и истражување на китови, изјави дека се претпоставува дека делфинот не се чувствувал добро на почетокот и затоа се доближил до брегот, што ги привлекло ајкулите.
Фаталните напади на ајкули врз луѓе во Сиднеј се ретки. Во февруари минатата година, еден човек загина во близина на плажата Литл Беј на југоисточниот дел на градот, во првиот фатален неиспровоциран напад на ајкула во Сиднеј од 1963 година.