BMW го претстави својот спортски теренец X5 M50d, кој под хаубата има 3-литарски, 6-цилиндерски дизелски мотор на кој делуваат дури три турбо-полначи.
Овој мотор испорачува 380 коњски сили и монструозни 740Nm кои преку 8-степен автоматски менувач од ZF и XDrive погонот на сите четири тркала се пренесуваат на асфалтот.
Иако ова не е дел од M-гамата на BMW, сепак големиот X5 благодарение на 3-литарскиот турбодизел со три турбополначи забрзува до 100 километри на час за само 5.3 секунди!
и електронски ограничена максимална брзина од 250 километри на час.