Полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак, денеска изрази увереност дека западните сојузници ќе успеат да формираат коалиција што ќе обезбеди тенкови „Леопард“ за Украина.
„Убеден сум дека формирањето на оваа коалиција ќе биде успешно“, изјави Блашчак на маргините на клучниот состанок предводен од САД за зајакнување на воената помош за Украина што се одржува во воздухопловната база „Рамштајн“ во Германија.
Извор: МИА