Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, за време на конференцијата што се одржа по средбата со претседателката на Унгарија, Каталин Новак, изјави дека високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Жозеп Борел, и испратил писмо полно со лаги на Хрватска.
Милановиќ се осврна на реакцијата на Борел за можноста хрватската армија да учествува во мисијата ЕУФОР во Босна и Херцеговина.
„Пред еден месец Борел испрати писмо до Хрватска полно со лаги, во кое не третира како да сме ретардирани. Се извинувам за изразот, како да имаме посебни потреби. Да ни биде невозможно симболично да бидеме присутни во мисијата на АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Се трудам да бидам учтив, но во одреден момент треба да кажеш доволно“, изјави Милановиќ.