Сè уште не е донесена одлука за тоа дали ќе бидат испорачани тенкови „Леопард“ на Украина, изјави денеска германскиот министер за одбрана, Борис Писториус.
„Се уште не можеме да кажеме кога ќе биде донесена одлука и каква ќе биде таа, кога станува збор за тенковите ’Леопард’“, изјави тој на донаторска конференција за Украина што се одржува во Германија, во организација на САД.
Извор: МИА