Минстерството за одбрана на Велика Британија го објави најновиот разузнавачки извештај за ситуацијата во Украина.
Се наведува дека паравоената група Вагнер формално се регистрирала како правен субјект на 27 декември, според Рускиот обединет државен регистар.
Групата го назначи „менаџмент консалтинг“ како нејзина основна дејност, но сè уште не е јасно до кој степен „PMC Wagner Center“ ќе се користи за управување со паравоените активности на Вагнер.
Британското разузнавање понатаму вели дека сопственикот на Вагнер, Евгениј Пригожин „веројатно ја финансирал организацијата делумно со надуени владини договори доделени на неговите други компании“.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 20 January 2023
Find out more about the UK government's response: https://t.co/5z9U167MxU
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/johkRTuMp8
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) January 20, 2023
Се наведува и дека единицата го продолжува својот „исклучително брз развој“.
„Вагнер речиси сигурно сега командува со до 50.000 борци во Украина и стана клучна компонента на руската воена кампања во Украина“, се додава.
„Регистрацијата веројатно има за цел да ја максимизира комерцијалната добивка на Пригожин и дополнително да ја легитимира организацијата со се повисок профил.