ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка после нападот на полицаецот не е достоен да ја врши функцијата

Од:

Власта се обидуваше да го сокрие скандалот со градоначалникот на Крива Паланка кој нападнал полицаец. Но ваков скандал не може да се сокрие. Насилството се случило на на 14-ти јануари, а МВР дури вчера после 4 дена извести дека спровеле информативен разговор со градоначалникот Митовски велат во ВМРО-ДПМНЕ.

– Овој случај е далеку од расветлен и нека не помислува МВР на Спасовски ова да го заташка. Ова не може да помине со ослободување или условна казна, бидејќи Митовски беше избран да работи за градот, а не да ги тепа граѓаните. Да потсетиме дека на 14-ти јануари градоначалникот Митовски во алкохолизирана состојба нападнал полицаец без никаков повод и пред неколку лица му удрил шлаканици. После овој инцидент, според тврдењето на жртвата биле упатувани закани до полицаецот и до неговото семејство да ја повлече пријавата. Митовски треба да си поднесе оставка, тој веќе не е достоен за функцијата која ја врши. СДС и институциите под нивна контрола колку и да се обидуваат да го заштитат, нема да можат, затоа што народот се охрабри и веќе не им се плаши. Одговорност ќе има се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ