Ковачевски не се плаши од „пеколен план“, за кој се пишуваше дека го подготвува Заев

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски не се плаши од т.н. „пеколен план“ кој во медиумите се најавуваше дека би го спровел неговиот претходник Зоран Заев. Одговарајќи на новинарско прашање дали му се подготвува туркање од позициите кои ги има, Ковачевски кажа дека тоа е демантирано и од самиот Заев, додека во СДСМ, одлуките ги носат телата на партијата.

„Прво јас не сум човек кој што се плаши. И тоа сум го потврдил до сега. Второ самиот поранешен претседател на СДСМ ги демантираше во јавноста тие наводи кои беа наведени. И сите одлуки кои се носат во СДСМ се носат на официјалните тела на партијата – Извршниот одбор, Централниот одбор, раководството. И сите одлуки кои до сега се донесени се едногласно, без ниту еден глас – против“, кажа Ковачевски.
Пред повеќе од една недела, во јавноста се појавија шпекулации дека Заев му спрема пуч на Ковачевски. Според истите, Заев заговарал предвремени избори заедно со ВМРО-ДПМНЕ и Влада во која нема да е ДУИ. Се зборуваше дека и за ова, Заев одржувал средби со Христијан Мицкоски. Преку статус на социјалните мрежи, Заев кажа дека не постои никаков пеколен план.

Би можело да ве интересира

Заев: Пет години, речиси секој ден, ВМРО-ДПМНЕ не престануваат да се занимаваат со мене, ширејќи континуирани лаги и клевети

Горан Наумовски

Продолжува препукувањето, Груевски повторно: Познато е дека големите пари Заев не ги направи со чесно копање на нива

Предраг Петровиќ

Дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер, прашува ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Заев му одговори на Мицкоски: Очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС