Едно лице загина, десет се повредени, а седум се водат за исчезнати откако избувна пожар на танкерот со нафта Smooth Sea 22, на кој му претходеше експлозија.
Причината за експлозијата на танкерот во тајландската провинција Самут Сонгхрам се уште не е позната.
На снимката може да се види густ, темен чад како се издига над танкерот.
Повеќето од жртвите се рудари од Мјанмар, кои во моментот на експлозијата вршеле поправки на танкерот во кој имало 18 луѓе.