Анонимуси: Хакиравме доверливи документи на српската влада

Од:

Хакерската група „Анонимуси“ објави дека „протекле десетици доверливи документи од Владата на Србија“.

Во својата објава на Твитер напишаа: „Се уште не завршивме со тебе, марионето на господинот Путин!“

Објавија и линк со доверливи документи од Владата на Србија.

Хакерската група „Анонимуси“ пред почетокот на јануари извршила серија напади на веб-страниците на државните институции под заедничкиот хаштаг „опсербија“ – операција Србија, тврдат членовите на оваа неформална група на Твитер.

На неколку различни профили на Твитер, кои го носат името Анонимус, имаше соопштенија за хакирање на веб-страниците на Војската на Србија, НБС, потоа веб-страницата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и веб-страницата на Министерството за надворешни работи и БИА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени