Панцери се согласи на соработка со Обвинителството на Белгија

Од:

Поранешниот европратеник Антонио Панцери се договори со обвинителите и ќе сведочи против другите обвинети во истрагата за корупција во Европскиот парламент, позната како Катаргејт, објавија медиумите во Белгија, каде што се води истрагата.

Панцери призна дека му префрлил 120.000 евра на белгискиот европратеник Марк Тарабела. Претседателката на ЕП, Роберта Мецола вчера објави дека белгиските власти побарале имунитет за Тарабела и неговата колешка Андреа Козолино. Одлуката за тоа барање се очекува во февруари.

Според договорот за признавање вина, Панцери се очекува да добие помалку од минималната казна доколку биде осуден. Додека Обвинителството ќе остане на барањето тој да биде казнет со ефективна затворска казна, како и со одземање на милион евра и парична казна.

Панцери вети дека ќе даде искрено, целосно и значајно сведочење. Тој беше приведен на 9 декември минатата година и обвинет дека е шеф на криминална група која ги промовирала интересите на Мароко и Катар во ЕП. Во случајот беа приведени и заменик-претседателката на Европскиот парламент, Ева Каили и нејзиниот партнер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски