Тачи бара ослободителна за изборните нерегуларности, „бомбите“ ги нарекува кафеански муабети

Од:

Лидерот на ДПА Мендух Тачи во завршниот говор бара ослободителна пресуда за предметот „Титаник 2“ кој се однесува на изборни нерегуларности. Во повторното судење, нему му е направена преквалификација на делото, па од злоупотреба на службената положба и овластување сега тој се гони за повреда на избирачко право. Во почетокот на завршните зборови, сакаше да го убеди обвинителот Гаврил Бубевски кој му го поднесе обвинението дека не е виновен. Судијата Огнен Ставрев му кажа дека треба да го убеди судот.

„Се чувствувам невиновен, сакам обвинителе да ве убедам уште еднаш“, кажа Тачи, на што возврати судијата Огнен Ставрев: „Сега треба судот да го убедите, а не обвинителот“.

„Немав никогаш намера да наштетам. Јас не сум наивен, јас сум имал многу можности да го информирам Ибраими. Јас немам намери, туку ставови како политичар. Јас имав став да ги убедам набљудувачите за нерегуларностите во Чаир. За Струмица, јас не знаев за кои избирачки места се збори. Умисла немаше, намера немаше. Моите зборови се политички ставови. Другите работи кои ги слушнав дека требало некој да губи, дека имало договор – мислам тоа не се однесува на мене“, кажа Тачи.

И неговиот адвокат го кажа истото.

„Тачи не е виновен за ништо од обвинителниот акт. Барам од судот бидејќи нема елементи за кривично дело да има ослободителна пресуда за Мендух Тачи. Тој немал умисла, ниту се заканил, ниту ветувал“, кажа адвокатот на Тачи.

Тачи додаде дека нема доказ кој покажува зошто би сторил кривично дело, односно која ќе биде неговата корист.

„Нема ниту еден доказ дека сум земал пари, дека сум заплашен, дека сум уценет. Нема врска. Во личните кафански муабети на одредени функционери на ВМРО-ДПМНЕ дека имаат договор со некого ги сметам како евтини маркетиншки трикови кои не се прават само во Македонија туку и на Балканот“, кажа Тачи.

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Мијалков се спаси од Титаник 2, другите обвинети добија условни казни

Катерина Ѓуровски

Јанакиески 3,5 години во затвор, условна казна за Јанкуловска за „Титаник“ реши Апелација

Катерина Ѓуровски

Судењето за „Титаник 2“ одложено за 14 јули

Застаре уште едно дело на Мијалков

Ана Ололовска

Одложена седницата на Апелација за „Титаник 2“, на Мијалков му застарува делото

Катерина Ѓуровски