Герасимовски: Сопствениците ја рушат доградбата на улица „Македонија, нема да толерираме дивоградби

Од:

Сопственикот на бутикот „Шејн“ денес започна со отстранување на доградбата на улица „Македонија“.

„По реакциите во јавноста, градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар изврши надзор на бутикот и му издаде решение за отстранување на доградбата, бидејќи за истата не поседува важечко одобррение за истата“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

По издаденото решение, сопственикот на бутикот од општината побара дополнителен рок за да ги организира градежните активности, кој и го доби и денес, самиот ги отстранува нелегалните елементи.

Општина Центар апелира до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти и доградби, да постапуваат по издадените решенија за самостојно отстранување на објектите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанков: Герасимовски бега од соочување со граѓаните и експертската јавност

Герасимовски: Утре јавна презентација на Нацрт ДУП за Барутана, граѓаните да се вклучат со свои предлози

Горан Наумовски

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан “бетон” Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која тој лично ја спроведува

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар