(ВИДЕО) „Дојдовме да им дадеме поддршка на Русите“: Првите доброволци од Србија пристигнаа на борбена обука во Запорожје

Од:

Првите српски доброволци во регионот на Запорожје почнаа да минуваат борбена обука во регионот како дел од доброволниот баталјон Судоплатов, пренесе РИА Новости.

„Српски доброволци заедно со борци од Русија учествуваат во сите борбени вежби на еден од полигоните во областа Запорожје за понатамошно учество во специјална воена операција“, се наведува, а пренесува Данас.

„Дојдовме да ги поддржиме руските браќа, бидејќи добро се сеќаваме на настаните што се случија во Југославија во деведесеттите. Се сеќаваме на неправдата што НАТО ја покажа кон Србија и ситуацијата во Косово. Затоа дојдовме да го поддржиме рускиот народ во неговата борба“, изјави за РИА Новости еден од српските волонтери со ознака „Дунав“.

Српски борец за РИА „Новости“ вели дека во доброволниот баталјон има братска врска од Србија кон „руските соборци“ и има „целосно меѓусебно разбирање и единство на ставовите“.

„Сега нашата главна цел е да бидеме заедно со нашите руски браќа, да учиме, тренираме и да го усвоиме искуството од нив “, рече тој на прашањето кои се целите на учеството во конфликтот и колку долго планираат да останат.

Би можело да ве интересира

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Руски напади со дронови врз Харков и Запорожје

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски