Борис Писториус назначен за нов министер за одбрана на Германија

Од:

Актуелниот министер за внатрешни работи на сојузната покраина Долна Саксонија, Борис Писториус, ќе биде нов министер за одбрана, соопшти германската влада. Среќен сум што Борис Писториус доаѓа на чело на Министерството за одбрана, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц. Тој додаде дека Писториус е искусен и компетентен политичар во областа на јавната администрација и безбедноста.

„Писториус со својата компетентност, упорност и храброст е вистинската личност да го спроведе реформскиот процес низ кој моментално минува Бундесверот“, рече Шолц. Социјалдемократскиот политичар Писториус на таа функција треба да ја замени Кристин Ламбрехт, која вчера поднесе оставка од функцијата министер за одбрана по низата пропусти и негативни медиумски написи за нејзината работа.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД