Русија се обидува да го зголеми бројот на војници без мобилизација тврди британското разузнавање

Од:

Британското Министерство за одбрана го објави дневниот извештај за ситуацијата во Украина. Во него се наведува дека Андреј Картаполов, шеф на Одборот за одбрана на руската Дума, на 12. јануари предложил Русија да ја зголеми горната возраст за воена служба од 27 на 30 години за воен рок во пролетта 2023 година.

Картаполов рече дека овој потег може да го овозможи најавеното зголемување од 30 отсто на руските сили. Минатата година рускиот претседател Владимир Путин изјави дека поддржува таков чекор. Руските лидери веројатно се надеваат дека промената на возрасните критериуми за рутинско регрутирање може да го зголеми бројот на војници кои се борат во Украина, без да го алармираат населението со вториот круг на непопуларна „делумна мобилизација“.

Би можело да ве интересира

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ

Макрон го отфрли клучното руско барање за прекин на огнот во Црното Море

„Русија не планира да ги напушти окупираните територии во Украина“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зеленски: Путин наскоро ќе умре и се ќе биде готово

Катерина Ѓуровски