Патнички авион со најмалку 72 лица се урна и се запали на аеродромот Похара во централниот дел на Непал. Досега се извлечени 16 тела од остатоците на авионот, соопштија локалните власти, а пренесе Би-би-си.
72 seater passenger aircraft crashes in #Nepal … so far 16 bodies found…#planecrash #Nepal pic.twitter.com/rqEnFxW2Hp
— Tejshree Purandare (@tejshreethought) January 15, 2023
Авион на „Јети ерлајнс“ летал од Катманду кон Покара и се урнал при слетувањето и се запалил. Портпаролот на авиокомпанијата изјави дека во моментот на несреќата во авионот имало 68 патници и четворица членови на екипажот.
72 seater passenger aircraft crashes in #Nepal … so far 16 bodies found…#planecrash #Nepal pic.twitter.com/rqEnFxW2Hp
— Tejshree Purandare (@tejshreethought) January 15, 2023
Припадниците на непалската армија се на терен и им помагаат на итните служби на местото на несреќата, на аеродромот кој се наоѓа недалеку од туристичкиот град. Аеродромот е затворен.