Албанија на прагот на епидемија на грип, се зголемува бројот на заразени, болниците се полни

Од:

Институтот за јавно здравје на Албанија попладнево соопшти дека официјално неделно се пријавуваат по 14.000 случаи на заразени со грип, а споредено со пред една недела овој број е зголемен за 2.000 заразени.

– Но, ова е само бројка на оние кои побарале лекарска услуга, бидејќи многу луѓе заболени од вирусот на грип не одат на лекар, туку се лекуваат дома со лекарства дадени на друг член од семејството или на своја рака, јави Топ чанел.

Доколку официјалната бројка достигне 16 илјади заразени во текот на една седмица, земјата влегува во епидемија на грип, што најверојатно ќе биде следните денови.

– Во Албанија циркулираат два подтипа на вирусот А како што е Ah1, кој предизвика пандемија во 2009 година во земјата, подтипот Ah3 и вирусот на инфлуенца Б. Но, епидемиолошката состојба е уште потешка, бидејќи според лекарите, барем клинички, респираторниот вирус циркулира и кај малите деца што предизвикува отежнато дишење, а има и случаи на Ковид, јави телевизијата.

Се посочува дека годинава лекарите го ставиле акцентот на грипот, бидејќи „вирусите на грип се вратија поагресивно, затоа што беа отсутни за време на пандемијата на Ковид и имунитетот кај населението е значително опаднат“.

Што се однесува до состојбата со Ковид-19, во последното деноноќие потврдени се 23 нови случаи од направени 585 тестови, починати нема, активни на болеста се 239, а болнички се третираат две лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он