Египетските власти објавија дека уапсиле три лица кои со помош на кран се обиделе да ја украдат статуата на Рамзес Втори стара илјадници години во близина на Асуан.
Египетската полиција соопшти дека уапсените поседувале оружје за рачно копање како и кран со кој ја подигнале статуата и ја ископале. Властите на Асуан потврдија дека се работи за статуа на Рамзес Втори, тешка десет тони.