Претседателот на Србија Томислав Николиќ изјави дека за решавање на косовското прашање ќе ги собере сите што нешто значат во Србија за конечно да се додје до заедничка платформа која ќе има основа во Уставот.
Тој најави дека во преговорите ќе инсистира да се вклучат и Обединетите нации.
На прашање дали има конкретен план за Косово тој вели:
„Кој и да не притиска, нема да дозволиме самопрогласената држава Косово да стане членка на Обединетите Нации. Тоа е нашето најјако оружје. Ако во тој факт ја убедиме меѓународната заедница, преговорите ќе одат полесно“.
На прашање што ќе направи како врховен командант на српската војска доколку Хашим Тачи со сила тргне кон Србите во северно Косово, Николиќ порача:
„Ако некој со сила го нападне северот на Косово, зарем не размислува дека Србија може со сила и да го врати Косово? Кој е тој што одлучува кога е силата оправдана, а кога не е?”.
„Современата цивилизација не би смеела да гледа насилство над Србите на северот на Косово. Ги убедив сите во меѓународната заедница со кои разговарав, дека тоа би било бесмислено. Тоа Србија не би можела да го истрпи. Бидејќи ОН не го испратија КФОР на Косово да освојува територии”, рече претседателот на Србија.