Буквално сите летови откажани во Америка, Бајден нареди итна истрага

Од:

Сите летови низ САД беа откажани, откако Федералната управа за авијација соопшти дека има прекин на компјутерскиот систем.

Сите летови кон САД беа приземјени по инцидентот, изјави за NBC News извор запознаен со ситуацијата.

„Техничарите моментално работат на обновување на системот и во моментов нема проценка за обновување на услугата“, се вели во соопштението.

FAA работи на обновување на својот систем и се вршат конечни проверки за валидација.

Американскиот претседател Џозеф Бајден нареди истрага на Министерството за транспорт за исклучувањето откако беше информиран за ситуацијата, рече прес-секретарот на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

„Во моментов нема докази за сајбер напад, но претседателот нареди да се спроведе целосна истрага за причината“, напиша тој на Твитер.

Би можело да ве интересира

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Бајден ја нарече скандалозна одлуката да се бара потерница за Нетанјаху и Галант

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Трамп повторно го исмејуваше Бајден, публиката се смееше

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда