Песков: Западот му забрани на Зеленски да контактира со Москва

Од:

Москва смета дека нема изгледи за мировни преговори со Украина се додека дијалогот со Русија е забранет со украинскиот закон или додека Западот не дозволи Киев да биде флексибилен во овој поглед, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Во ситуација кога на украинскиот претседател му е забрането да контактира со Москва на кој било начин, а Западот очигледно не сака да му дозволи на Киев никаква флексибилност овде, во овој момент нема дискусија за какви било перспективи за дијалог“, посочи Песков, коментирајќи ја изјавата на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу дека Русија е подготвена да разговара со Украина.

Песков нагласи дека Русија е секогаш подготвена да ги решава проблемите преку дијалог, потсетувајќи дека тоа во неколку наврати го кажал и рускиот претседател Владимир Путин.

„Се разбира, претпочитаме да ги исполниме нашите цели на мирен и дипломатски начин“, рече Песков.

Песков потврди дека не се можни разговори се додека преговорите со Русија се забранети со закон во Украина, пренесе ТАС.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски