Во Отрантскиот канал исчезна чамец со 27 илегалци

Од:

Моторен чамец со 27 лица, од синоќа се води како исчезнат во Отрантскиот канал, јави дописникот на МИА од Тирана.

Во текот на ноќта и денеска поморските патроли трагаат по чамецот, по добиената инфомација од италијанските колеги.

„Иако потрагата беше интензивна, се уште не е лоциран чамецот, поради немањето точни информации за местото каде се наоѓал“, соопштуваат локалните медиуми.

Првичните информации говорат дека чамецот со илегалци имал дефект во моторот и оти помош кај италијајските поморски патроли побарало лице кое било во чамецот.

Потрагата продолжува во регионот на Пулиа со четири брода и еден италијански хеликоптер.

Во потрагата беа вклучени два албански брода, два хеликоптера на британските трупи стационирани во албанската воена база Пашалиман, каде има заедничка албанско-британска вежба, четири италијански бродови и еден италијански хеликоптер.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Пет работници загинаа во Палермо