Бајден: Не сум запознаен со содржината на доверливите документи од периодот кога бев потпретседател

Од:

Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека не е запознат со содржината на доверливите документи од времето кога тој беше потпретседател, пронајдени во една од канцелариите што во меѓувреме ги користел.

„Бев информиран за откритието и бев изненаден кога дознав дека владините документи се однесени во оваа канцеларија. Но, не знам што има во документите“, изјави американскиот претседател на прес-конференција по средбата со мексиканскиот претседател и канадскиот премиер во Мексико Сити.

Бајден додаде дека неговите адвокати „целосно ќе соработуваат“.

Белата куќа вчера објави дека американското Министерство за правда ги истражува можните доверливи документи пронајдени во поранешните канцеларии на американскиот претседател во институтот каде што работел во Вашингтон.

Специјалниот советник на претседателот, Ричард Заубер рече дека „мал број доверливи документи“ биле откриени додека адвокатите на Бајден ги празнеле канцелариите на Центарот Пен Бајден.

Бајден имаше канцеларија во центарот од кога ја напушти потпретседателската функција во 2017 година до започнувањето на неговата претседателска кампања во 2019 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски