Маслодајна нуди повисоки цени за сончогледот

Од:

Велешки „Благој Ѓорев“ ќе го откупи сончогледот на македонските земјоделци по повисока цена од онаа што се нуди на агро берзите. Како што соопшти денеска компанијата, во моментов цената на тон сончоглед на светските берзи изнесува околу 210 евра, а откупната цена со која „Благој Ѓорев“ ќе го откупи сончогледот ќе изнесува 250 евра за тон.

– Како единствени откупувачи на сончогледот од македонските сончогледови полиња, Благој Ѓорев се одлучи оваа година на македонските земјоделци  да  им понуди поголема откупна цена со која се надеваме ќе го стимулираме понатамошното одгледување и производство на оваа култура. Свесни сме за недостигот на домашното производство на сончоглед, па на овој начин сакавме да ги мотивираме и охрабриме нашите земјоделци да ги зголемат своите капацитети и следната година да излезат со поголемо производство на маслодајни  семиња, истакнува генералниот директорот на „Благој Ѓорев“ Горан Лазов.

Од компанијата наведуваат дека ова доаѓа по намалување на цената на маслото за јадење, кое пак е резултат на намалувањето на цените на сончогледот и сировото сончогледово масло на светските берзи.

– Богатиот род на сончогледот  во соседството Бугарија, Србија, Романија  но и во Украина придонесе да се намали и цената по тон. Не може да се каже до кога ќе трае овој тренд, но во зависност од него ќе се формира и цента на македонскиот пазар, вели Лазов.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници